STYLING PORTAL
Маркетинг Контакт

 

 

 

   
2 УБАВИНА / АНТИЦЕЛУЛИТНА ДИЕТА


АНТИЦЕЛУЛИТНА ДИЕТА

Треба да одберете диета чија енергетска вредност одговара на потребите на организмот, а посебно внимание треба да се посвети при изборот на намирници и начинот на нивното приготвување.
Антицелулитната диета има за цел да му помогне на организмот да се ослободи од отровните материи. Оваа диета нема за цел да одзема калории, туку да се конзумира храна која може лесно да се свари.

Јадења на кои им се дава предност:
Зеленчук: најдобро е свежо или варено;
Овошје: свежо или во вид на овошен сок;
Салати: да бидат зачинети со чисто природно растително масло и вински оцет или сок од лимон;
Сокови: од свеж зеленчук;
Јајца: варени или пржени на растително масло;
Јогурт: без варено овошје или со додаток на свежо овишје и житарици
Млеко
Месо, риба, пилешко месо (без маснотии, варено или печено)
6-8 чаши вода на ден
Сушен пивски квасец ( две лажички изматени со овешен сок, да се испијат 15 минути после јадење)

d

ДОРУЧЕК

УЖИНА

РУЧЕК

УЖИНА

ВЕЧЕРА

Јогурт или кисело млеко, младо сирење, црн леб

Овошје или овошен сок

Блитва и компир салата со печена риба, леб

Овошје или овошен сок

Варен зеленчук, месо, салата, леб

Млеко, житарици

Сладолед

Зелка со месо, леб, салата од цвекло

Бело кафе

Варен зеленчук, месо, салата, леб

Сок од морков, црна кифла

Сончоглед

Карфиол, пилешко месо, салата, леб

Овошје или овошен сок

Јогурт, сирење, леб, салата

Млеко, житарици (мусли)

Крофна

Супа од говедско месо, морков, компир (варени), салата, леб

Сок од зеленчук

Леб, маргарин, мармалад, чај

Млеко, маргарин, мармалад, леб

Овошје

Грашак, леб, салата

Сок од овошје или зеленчук

Варен зеленчук, риба, салата, леб

Сок од овошје или зеленчук, тост, сирење, маргарин

Овошна салата

Џигер, компир пире, салата

Овошје

Пица со зеленчук

Млеко со какао, црна кифла, младо сирење

Салата или сок од домати

Шницли од соја, спанаќ со компир, салата, леб

Палачинка

Варен зеленчук, месо, салата, леб

 Неколку препораки:

-         Никогаш не јадете брзо;
-         Избегнувајте активности за време на јадењето, како на пример гледање телевизија;
-         Јадете секогаш во исто време бидејќи така желудникот најдобро функционира;
-         Секогаш уживајте во јадењето;

Некои јадења ќe треба да ги избегнувате: колбаси, сланина, закуски, солено месо, солени сирења, пржена храна, газирани напитоци, павлака, кренвишли, конзервирани супи, јаки зачини и зачинети јадења, многу кафе.
За побрзо и поуспешно отстранување на целулитот, покрај диетата се препорачува масажа на местата со целулит, вежби (со истегнување или пливање), правилно длабоко дишење т.е шетање во природа.



1


 

STYLING Magazine
TIGI
Toni&Guy
Sasson
 
 

STYLING PORTAL Worldwide:

United Kingdom Serbia Croatia Montenegro Bosnia & Hercegovina
USA Canada Slovenia Italy

 
 

 

Copyright 2007 by Bonik Production! All rights reserved