Целулитот е всушност имагинативното име за масните количества кои го притискаат поткожното сврзно ткиво заради што кожата е со дупчиња и изгледа нерамно. Една од причините за појавата на целулитот е исхраната. Големите количества на маснотии, јаглехидрати, сол, алкохол или внесување на неприродна храна може да го зголемат целулитот. Пушењето, недостиг на физички активности и вежби, тесна облека, чевли со високи потпетици, седење или стоење во една положба исто така имаат големо влијание врз појавата на целулитот.
За развојот на целулитот имаат улога и генетските фактори.
Хормоните имаат доминантна улога во создавањето на целулитот. Естрогенот е најважниот хормон. Постојат разни производи како што се лосиони, гелови и кремови кои се користат против целулитот. Се нанесуваат за да го отстранат и спречат целулитот и за да ги измазнат несаканите нерамнини на телото. Грозјето е моќен лимфатичен стимуланс кој го стимулира отстранувањето на вишокот вода и непотребните отрови во ткивата, кои ги пренесува до лимфните жлезди за потоа да се исфрлат од телото.
Цитронот влијае на капиларите, го намалува целулитот, ја тонизира кожата и го спречува создавањето на хеморагии.
“Equsetum arvense” – коњска опашка делува како реминерализатор на кожата и и дава природен силиконски изглед.
Centella – особено помага во лекувањето на оштетената и воспалена кожа и ја одржува нејзината еластичност. Таа исто така го поттикнува создавањето на колаген во кожата.
„Касапска метла“ – една од состојките во хербалниот гел создава одлична анти-едема и анти-инфламаторен ефект. Ги стимулира крвните капилари и циркулацијата на кожата. Хербалниот гел е медицински тестиран и се покажа како ефикасен во намалување на целулитот.
|