BSG (Beauty Solutions Group) групацијата е основана во Јануари 2002 год. со основна цел – генерирање (создавање) на производи и услуги за професионалци кои се заинтересирани за новости од индустрискиот пазар и кои сакаат да ги усовршат своите способности.
Денеска, BSG групацијата е одговорна за три јавни комуникациски канали: списанието Cabeleireiros.com, web-страната www.bsg-cabeleireiros.com и настанот Creative Color International.
Во 2008-та година компанијата се консолидираше (ја зацврсти својата положба) на Бразилскиот пазар со настанот Creative Color international. На овој тридневен настан се најдоа познати фризери од Европа, Северна Америка и Латинска Америка. Се постигна успех како во домашната, така и во интернационалната медиа.
Благодарение на натпреварувачкиот дух и заинтересираноста за нови партнерства, BSG групацијата има клиенти во секоја бразилска држава. Следен чекор е да се постигне истиот успех во Европа и Северна Америка.
BSG Академија
Со цел да се унапреди знаењето на фризерите, BSG Академијата веќе 6 години промовира работилници и курсеви со најдобрите домашни и интернационални фризери.
Некои од темите што се обработуваат на овие часови се: шишање- чекор по чекор, креирање и правење на фризури, бои за коса и администрација.
BSG Академијата има канцеларии во Сао Паоло, Салвадор и Виторија.
|