Науката и технологијата се во тесна врска со светот на убавина. Разни методи се интегрирани за да се добие комплетно и задоволувачко искуство за потрошувачите.
Cosmoprof 2007 е прилика да се истакнат најинтересните иновации и тенденции од оваа област, кои се на располагање на посетителите кои можеа да ја видат таа футуристичка и фасцинантна машинерија која ветува неверојатни ефекти.
Една од најзначајните тенденции која се појави оваа година е употребата на светлото во сите форми, се со цел да се моделира телото, оживее кожата, освежи лицето и да се релаксира разумот. Пулсирачки светла, ласери, инфраред зраци, и LED светлина, се се позастапени и нудат неверојатни бенефиции како што е можноста да се постигне ефект на фејслифтинг без да се оди на операција, или третман на масните клетки за да се елиминира целулитот.
Комбинацијата на различни техники и филозофии е многу значајна во снабдувањето на клиентот, кому се нуди целосно, задоволувачко и емотивно искуство. На овој саем можеа да се видат машини и инструменти во кои алтернативно се искомбинирани ултразвуците, радиотерапијата, фитотерапијата, ароматерапијата, масажата и хромотерапијата. Оние процеси кои во минатото се сметаа како одделни форми на третманите, сега се обединети во име на убавината. На пример, соларен туш со вибрирачка подлога за стапала или сауна која нуди удобна масажа. Многу честа е и компјутерската поддршка сокоја се вршат научни тестирања и се дизајнираат персонални програми.
Иако за технологијата често се мисликако за ладна, безлична и рационална, ова не важи и кога науката е во комбинација со убавината. Во денешно време технологијата има придонес не само во естетските третмани, туку влијае и на здравјето на потрошувачите, нивната релаксација и психо-физичкиот еквилибриум. Сите овие се фундаментални состојки на убавината. Заради ова, класичниот латински афоризам „Mens sana corpore sano“ (Во здраво тело здрав дух), добива ново значење, дека естетските методи влијаат и на здравјето на луѓето, т.е. физичката и менталната хармонија се обединети.
Беше презентирана и анти-стрес собата, која во денешно време ќе стане дел од козметичките салони за убавина, со смирена и нежна атмосфера, каде клиентот може да побара засолниште од секојдевните стресови. Лежење на удобен кревет за масирање, посетителите исто така може да уживаат во комбинираните бенефиции на музичката терапија, ароматерапијата и хромотерапијата.
Резултатите се восхитувачки, кои можат да се забележат не само на релаксираните лица на луѓето што ќе излезат од собата, туку и по научните тестирања направени пред и по третманот. |