STYLING PORTAL
Маркетинг Контакт

 

 

 

   
2 КОСА И ШМИНКА / ЦРВЕНИ УСНИ


ЦРВЕНИ УСНИ – ПРЕДИЗВИК ЗА МНОГУ ЖЕНИ
 

1
3

Црвената боја отсекогаш претставувала голем предизвик во шминкањето, и доколку црвениот кармин не се нанесе правилно може да придонесе чуство на премногу шминка и воопшто да не изгледа онака како што сте посакувале.

ПРАВИЛА ЗА ЦРВЕНИ УСНИ

Клучот за успешно нанесување на црвен кармин е доколку направите вашите усни да бидат карактеристика на она што сакате да го истакнете. Не очекувајте да продолжите со старата рутина на шминкање, природното е она што навистина ви треба. Значи повеќе нема да ви трба многу шминка за да го истакнете тоа што сакате. Нема повеќе темни нијанси на сенки, руменила и слично. Вашето лице ќе изгледа чисто со лесна шминка, мал бран на сенка со боја на шампањ, и туш или моливче само на горниот капак – ако морате.Држете се до основните бои на обележување: црна, кафеава или графит.Црвените усни поубаво изгледаат со мека бронзена боја на руменило отколку со црвено. Доколку употребите премногу од сето ова, може да придонесете спротивен ефект- пренатрупано и смешно. Затоа внимавајте во нанесувањето - задржете го природниот изглед.
Исто така, средени и добро обликуваните веѓи се многу важен елемент во истакнувањето на црвените усни. Црвените усни велат: “Погледнете ме, јас сум самоуверена и средена”, а тоа се однесува и на добро обликуваните веѓи!

БЕЗБЕДНО ЦРВЕНО

Доколку сакате црвени усни, а притоа се плашите да не изгледате нападно, во тој случај сјајот за усни е побезбеда варијанта. Придонесува за помек и поочигледен изглед. Ако се обидувате да го задржите природниот изглед, тогаш користењето на молив за усни може да придонесе за спротивен изглед.Ако сакате сјајот за усни да ви трае подолго, исцртајте ја устата со молив за усни, а потоа нанесете го го сјајот за усни. На овој начин потешко можат да се забележат  грешките при исцртувањето на усните, и сјајот подолго ќе трае.
На светлиот до средно темен тен на лицето најдобро изгледаат ладните тонови на црвена боја, додека пак на потемниот тен на лицето одговараат топлите тонови на црвена боја.
Црвените кармини многу повеќе се разлеваат од другите бои на кармини. Ова разлевање на карминот може да се спречи со користење на специјален молив за усни: “Ду Њоп'с Реверсе Липлинер”. Се користи како рамка за вашиот кармин и не го дозволува неговото разлевање.

Пурпурните усни се хит во оваа сезона. Бојата на цигла и вино се понеутрална варијанта од класичните црвени усни. Овие бои најмногу одговараат на чисто лице и малку шминка.



1


 

STYLING Magazine
TIGI
Toni&Guy
Sasson
 
 

STYLING PORTAL Worldwide:

United Kingdom Serbia Croatia Montenegro Bosnia & Hercegovina
USA Canada Slovenia Italy

 
 

 

Copyright 2007 by Bonik Production! All rights reserved