ФОТОГАЛЕРИИ |
||||||
МОДНИ РЕВИИ ПО МОДЕЛИ МОДЕЛИ: |
||||||
ПОЛИНСКИ НОЌИ И ЗОРИ Хуманитарното здружение 'За спас на Доjранското езеро - за здрави и убави деца' во соработка со модната агенциjа ' ПОДИУМ' од Скопjе организира кастинг за модели и модни ревиjи кои е се одржат на 14 август 2010г. (сабота) во рамките на традиционалната манифестаци а 'Полински но и и зори' во хотелот Полин во Стар До ран. Целта на оваа активност е да се анимираат младите девојки и момчиња од Стар и Нов Дојран, Гевгелија, Богданци... и околината кои поседуваат потенцијал и предиспозиции да се занимаваат со работа на модели и истите подоцна модно да се ангажираат. Кандидатите треба да изгледаат здраво и да имаат физички предиспозиции, да не се помлади од 16 години, да бидат со висина над 175 см за девојките и над 180 см за момчињата, да имаат чисто лице и убави заби, да немаат видливи лузни и претерани тетоважи или пирсинзи, и секако да имаат желба за работа како модели. Програмата стартува во 16 часот со анкетирање, селектирање и припрема на пријавените кандидати, одржување на час по вовед во манекенство, фитинг-проба, шминкање, фризирање и фотографирање од страна на професионален тим и инструкции за движење и позирање. Во 20 часот е се одржат модни ревии со кандидатите кои ќе ги носат креациите на модните дизајнери Јован Петровски и Олгица Ѓоргиева, како и креации на младите дизајнери Мелани Димитровска, Јуле Ѓоргиевска и Јулија Гичева, студенти на Европскиот Универзитет од Скопје. По ревијата ќе следи модна забава. Модниот настан е поддржан од Пелистерка, а креативни тимови вклучува ки ги и модните дизајнери се со потекло од околината на Дојранското езеро. Фризерите се од студијата Бонсаи од Радовиш, Трезор од Кавадарци и компанијата за професионална нега на коса KЕМОН, Италија. Информации и при ави на телефоните: 02 322 52 43, 072 260 975 или на маил: info@fashionweeks.mk
|
||||||