STYLING PORTAL
Маркетинг Контакт

 

 

 

   
2 УБАВИНА / EЛЕКТРО МУСКУЛНА СТИМУЛАЦИЈА


Електро-мускулна стимулација (Electric muscle stimulation)

ems

ems

Електро-мускулната стимулација се користи веќе подолго време за многу намени.
Во овој текст ќе говориме за два вида ЕМС инструменти. Едниот е инструмент за масажа, а другиот испраќа електрични струи до мускулите и масните ткива.
Овие видови на апарати се одобрени од здравствените установи и се користат за повеќе специфични намени:

-          спречување на крвни згрутчувања;
-          релаксација на мускулните грчеви;
-          отстранување на брчки;
-          намалување на големината на градите;
-          намалување на стомакот;
-          отстранување на целулит;
-          изведување на лифтинг на лице;
-          зголемување на циркулацијата на крвта;
-          рехабилитација на мускулите по одредена повреда.

Како работат овие апарати

Основниот принцип на работа на ЕМС опремата е испраќање на нервен импулс од мозокот до одредениот мускул кој сакаме да го промениме. Овој импулс е порака која му кажува на мускулот дали да се шири или собира. За секој третман се поставуваат електроди на одредени моторни точки на мускулните групи. За време на третманот се употребува електро-стимулација, низ електродите се пушта умерена струја и мускулите на тој начин се шират и собираат. Ова овозможува регуларно вежбање без никаков напор, за разлика од обичните методи на вежбање.

Постојат и апарати што работат на овој принцип и служат за намалување на целулитот. Тој процес се опишува како поткожен приод кон намалување на целулитот.

Оваа процедура се практикува со рачен апарат кој е моторизиран и има два прилагодливи ролери со чија помош се врши симетрично превиткување на кожата. Ова дејство на превиткување на кожата предизвикува масниот слој да изгледа помалку леплив, а кожата станува мазна и нежна. Исто така ја зголемува циркулацијата и лимфната дренажа во таа област. Со ова се елиминира вишокот течност и се подобрува функцијата на клетките. Се претпоставува дека поради ова се намалува целулитот или неговото појавување.

Овие апарати се појавија на пазарот уште многу одамна, но поради нивните позитивни резултати, сеуште се бараат и се користат во козметичките салони и во медицината.

 



1


 

STYLING Magazine
TIGI
Toni&Guy
Sasson
 
 

STYLING PORTAL Worldwide:

United Kingdom Serbia Croatia Montenegro Bosnia & Hercegovina
USA Canada Slovenia Italy

 
 

 

Copyright 2007 by Bonik Production! All rights reserved