Доколку некогаш сте претерале лежејќи на плажа сигурно сте забележале како вашата кожа паѓа во вид на лушпи. Вака наликува и принципот на козметичкото лупење.
Процедурата се состои од нанесување на раствор од киселини на кожата. Во зависност од тоа колку дебел слој на кожа сакате да отстраните, можете да изберете помеѓу 30% и 70% раствор на гликол киселина (глицерин и алкохол). Растворот се нанесува на кожата и се остава да делува онолку колку што вашата кожа може да издржи, а потоа се отстранува со вода. За да се направи подлабинско лупење, ќе треба да се користи трихлорик раствор на киселини. Се нанесува на истиот начин, но овој раствор е многу појак и за негово отстранување треба да се користи неутрализирачки гел.
Ефекти и контраиндикации: Хемиското лупење не е една од оние процедури кои може да ги направите на вашата пауза за ручек и потоа да се вратите на работа без никој да забележи.
Без разлика колку длабоко е лупењето, ќе мора да помине одреден период за вашата кожа да изгледа како што треба. „Лупењето е како да имате многу јаки изгореници од сонце“. По 2-3 дена кожата станува многу сува и буквално почнува да се лупи. Колку подлабоко е лупењето, толку подолго време кожата се лупи.
Хемиското лупење може да ги отстрани сите видови на дамки, па дури и дамки предизвикани од сончевите зраци како и знаци на стареење. Како и да е, со особено силните лупења постои и потенцијален ризик од појава на лузни. |