Isabella accessories е компанија основана во Болоња во 2006 година, чија основна дејност е увоз и продажба на намештај, опрема и препрати за фризерски и козметички салони. Компанијата има свои представништва во Србија, а од неодамна и во Скопје.
Компанијата нуди широка палета на производи од реномирани светски производители од фризерската и козметичката индустрија. Во овој број Ви ги представуваме производителите на намештај Salon Ambience и Medical & Beauty.
Покрај горенаведеното, Компанијата во соработка со тим на млади архитекти и графички дизајнери нуди комплетно проектирање на фризерски и козметички салони. Секоја идеја осмислена во студијата на нашите дизајнери внимателно се разгледува и се усогласува со желбите и можностите на нашите клиенти.
Нашиот тим во соработка со производителите на намештај Salon Ambience и Medical & Beauty, чини единствена комбинација на квалитет и желба да се стори нешто повеќе за своите клиенти. Made in Italy е заштитен знак на на производителите кој верно го следи и компанијата Isabella accessories.
Компанијата нуди:
- палета на сериски намештај или намештај по мерка од производителите Salon Ambience и Medical & Beauty;
- бесплатна пресметка;
- компјутерски проекти 2Д и 3Д – photo rendering;
- комплетен сервис;
- реновирање на салонот по принцип клуч на рака;
- помош при избор на подови, осветлување, боја на зидови ....
Salon Ambience е компанија која е основана во 1989 година во Реџо Емилија, Италија. За многу краток период се афирмира и постанува еден од најзначајните италијански брендови во индустријата за производство на намештај за фризерски и козметички салони.
Филозофијата на работа на овој производител од самите почетоци е да ги сплоти сите италијански вредности: стил, занаетчиската традиција во изработка на намештај и склоност кон модерни тендеции и лидерство во дизајнерски решенија се со цел да се задоволат потребите на потрошувачите ширум светот.
Производите кои ја носат марката Salon Ambience денес се синтеза на креативност и функционалност, со тенденција не само да овозмозат подобри услови во работниот простор туку и да допринесат подобри услови во самата работа внесувајќи живост и пријатна атмосфера.
Квалитетот е основна предност на секој проект на Salon Ambience. Секој дел од намештајот произведен од компанијата е со гарантирано висок квалитет без временски ограничувања. Како главен принцип на работа и крајна цел е да се направи вредност која трае.
Клучен елемент во развојната политика е истражување на материјалите кои се користат во производство, како и подобрување на практичноста и дизајнот на производите.
Компонентите и материјалите кои се користат за изработка на намештајот се исклучиво од италијанско потекло, почнувајќи од дизајн, крој, шиење на материјалот и финално обликување и пакување на производот. Made in Italy е бренд кој се почитува и практикува во работата на компанијата.Професионаноста е една од главните карактеристики која ја одликува компанијата и целата мрежа на дистрибутери.
Salon Ambience има развиено мрежа на дистрибутери во скоро сите земји во светот, а од неодамна и во Македонија со посредство на Isabella accessories.
Isabella Accessories
Бул. Јане Сандански 76/20
mob. 077/ 586 760 tel. 02/ 2450 306
isabella-accessories@hotmail.com
ФОТО ГАЛЕРИЈА >>>
|