Кога клиентот ќе ја види новата боја на косатаза прв пат по боењето, сакам неговата реакција
да биде УАУ! – ако реакцијата не е таква, тогаш се чувствувам како да не сум си ја завршила работата онака како што треба.
Бојата не смее да биде ОК, не смее да биде обична! Бојата треба да направи фризурата, стилот, тенот и имиџот да изгледаат сто пати подобро отколку што би мислеле дека е можно, и да може бојата да направи огромна разлика.
Кога ќе ги погледнете сите оние рекламни пораки – што е она што НАВИСТИНА ги руши годините на „жртвата“ – тоа е одлична фризура и одлична боја на коса.
Бојата за коса прави добрата фризура да изгледа одлично. Дури и најмалата промена на боја може комплетно да го смени вашиот изглед.
Јас верувам во тоа дека не е важно колку боја ќе употребите, туку важно е каде ќе ја употребите. Јас можам да направам клиентот да се чувствува како комплетна русокоса со само неколку внимателно обоени прамени.
Никогаш не сум се плашела од промена на боја – всушност мислам дека не постои боја на коса која неможе да се смени и секогаш сум работела со најлошите бои за коса. Мислам дека и тоа придонесе да бидам позната како „Доктор за боја на коса“! Според мене секој клиент треба да проба нова боја на коса!
Погледнете ја вашата боја – што мислите, дали е ОК или е прекрасна? Ако сакате да се чувствувате УАУ, редно е да ја промените!
|