STYLING PORTAL
Маркетинг Контакт

 

 

 

   
2 УБАВИНА / Микродермабразија


Микродермабразија (Microdermabrasion)

m

Во потрага за млада, светла и прекрасна кожа, мажите и жените имаат заедничка цел: да изгледаат најдобро без разлика на нивните години. Заради тоа микродермабразијата претставува еден од подобрите третмани за решавање на овој проблем.
Микродермабразијата е неоперативна и неинвазивна процедура која нуди безбедно и контролирано отстранување на надворешните, мртви слоеви на кожата. По извршената процедура, кожата изгледа помазна, посвежа и подмладена.
За овој третман се користат медицинско квалитетни микрокристали кои со голема брзина се раздвижуваат по површината од кожата. Остатоците и искористените кристали симултано се вакумизираат во затворен сад за отпадоци и се уништуваат. Оваа процедура може да се нарече и „лупење за време на пауза“, бидејќи нема временско ограничување при овој третман. По извршената процедура можете без никаков проблем да употребите шминка и да продолжите со вашите вообичаени дневни активности.

Микродермабразијата се изведува за 30 до 45 минути и е безболен третман. Може да се изведува како самостоен метод, но може да се користи и како дополнение на  третманите за нега на кожа.

Резултати од микродермабразија:

-     подобрување на тенот на кожата, ја прави помека и помазна со здрав сјај;
-     еднаква на боја на кожата кај лица кои имаат проблеми со пигментација;
-     ги намалува големите и непријатни лузни од акни;
-     да се намали појавата на стрии;
-     се намалува појавата на акни;
-     Намалување на линиите и брчките;
-     Помлад изглед.

Како дејствува микродермабразијата?

При отстранувањето на надворешните и мртви слоеви кожа со механичкото дејство на микрокристалите, всушност се стимулира и крвниот проток под површинскиот слој на кожата. Со ова се зголемува оксигенизацијата на кожата, се зголемува регенерацијата на клетките и колагенот (структурниот протеин кој на кожата и дава свеж изглед). Со масирањето се создава благо руменило и чист ефект под површината на кожата со што се добива светол, прекрасен и здрав изглед на кожата.
Предностите на овој третман се неговата брза примена и веднаш видливите резултати.
Вашата кожа ќе биде светло румена и мека на допир. Доколку се пристапи поагресивно, може се предизвика црвенило на кожата кое ќе биде видливо во текот на целиот ден.

Во првите 24 часа по третманот треба да се носи заштита од сонце и да се избегнува директно изложување на сончевите зраци, бидејќи тогаш третираниот дел е поосетлив на ултравиолетовите зраци. Инаку, веднаш по третманот можете да се вратите на вашите секојдневни активности.

Колку третмани се потребни? 

Бројот на третмани зависи од желбите и потребите на секој пациент. Во зависност од тоа каков ефект посакувате да постигнете зависи и бројот на третмани.
Вообичаено се изведуваат по 6 третмани во серија, со тоа што првите три третмани се изведуваат на една недела, додека другите три се изведуваат на две недели. По оваа серија, може да се изведуваат третмани на секои 4 до 6 недели со цел да се одржи посакуваниот изглед.

Микродермабразијата може да се изведува и напоредно со други третмани на кожата како и при користење на разни производи за нега на лицето и телото. Ова докажува дека микродермабразијата навистина има само добротворни ефекти.

 



1


 

STYLING Magazine
TIGI
Toni&Guy
Sasson
 
 
 

STYLING PORTAL Worldwide:

United Kingdom Serbia Croatia Montenegro Bosnia & Hercegovina
USA Canada Slovenia Italy

 
 

 

Copyright 2007 by Bonik Production! All rights reserved