Нена Туниќ-ново име на македонската модна сцена. Професионално се занимава со дизајнирање и изработка на луксузни свечени фустани. Има сопствено студио за ексклузивен моден дизајн “N2 FASHION”
Со својата визуелна креативност и оригиналност, создава префинети безвременски креации со доза на екстравагантен гламур од 40-тите години на минатиот век, Умна мешавина на различни стилови и времиња, ставени во нов контекст. Дизајнира впечатливи парчиња, комбинација на романтичарски стил со благо-авангардни асиметрични линии. Креациите содржат хармонија помеѓу материјалите, боите, кроевите, фигурата и возраста на клиентот.
Користи: сатен, жоржет, муслин, свила, кадифе и чипка, украсени со: апликации, циркони, монистри, штрас и други техники на рачна доработка.
Креациите, секоја во низот, воглавно не се наменети само за дамите од јавниот и културниот живот, но и за сите љубители на квалитетната модна линија, жени самоуверени и силни, кои ја потенцираат својата женственост. Елегантни, сензуални со префинета доза на еротика.
Особен предизвик и претставува создавањето на целокупниот стајлинг на клиентите, дизајнирање, изработка на модели наменети за нивните јавни сценски настапи, снимање на видео спотови, фото-сесии и друго.
ФОТОГАЛЕРИЈА »
МОДНА РЕВИЈА - ЦРНА ГОРА »
|