STYLING PORTAL
Маркетинг Контакт

 

 

 

   
1КОСА И ШМИНКА / СОВЕТИ ЗА ВИТКАНА КОСА


1

Косата во голем дел е составена од протеинот кератин, кој се наоѓа во самиот отвор на влакното наречен фоликула. Косата може да биде виткана или права во зависност од бројот на дисулфидни врски меѓу протеините кои се наоѓаат во влакната. Ако косата природно ви е виткана, постојат неколку начини за тоа како можете да се грижите за неа. За стилизирање на витканата коса потребен е малку поголем напор. Прво измијте ја косата со шампон и расчешлајте ги заплетканите делови. Употребете шампон што навлажнува и кој е соодветен за вашата коса, состојба и текстура. Ако сакате можете да ја измиете само со регенератор или со разблажена форма на шампон која најмногу ви одговара. За да имате убави локни, потребно е да ја шампонирате косата секој втор ден. Секогаш користете лесен регенератор кој немора да се измие по нанесувањето, за да можете полесно да ја расчешлате косата. При чешлањето користете чешел со широко поставени запци кој ќе се справи со многу заплетканите делови. Исчешлајте ја косата додека е сеуште влажна. Потоа наведнете ја главата и сушете ја косата од коренот кон краевите за да добиете екстра сјај и волумен. Употребете погла за виткање ако сакате да истакнете некои делови од косата (локни, прамени). Завршете со спреј за сјај и лак за коса за да ја блокирате влажноста да влијае на косата и да добиете уште поголем сјај. Доброто и редовно потшишување е многу важно за грижата на витканата коса. Избегнувајте употреба на ножици за ретчење на косата и сечење со жилет.Ножиците за ретчење ги уништуваат краевите на влакното, а жилетите го засекуваат влакното што може да предизвика појава на цепкање на влакното. Ако косата ви е премогу густа, предложете му на вашиот стилист да ве потшиша на степени за да се отстрани вишокот и да се подобри одржувањето. Колку се подолги степените, толку е подобро за витканата коса, локните имаат поголеми форми и по сушењето косата изгледа многу блескаво. Може да се суши со фен, а може да ја оставите да се исуши на природен начин. Ако користите фен, секогаш цушете ја косата со дифузер. Избегнувајте пипање на косата за да не ја уништите формата на одделни прамени и локни.

Вклучете го фенот на средна јачина, помала жештина и користете ги прстите за да ги одделите прамените. Ставете малку гел на прамените и на самата линија на косата. Не користете четка и поможност оставете да се исуши природно. Ако ја сушите со фен, тогаш земете дел од косата во рака и такасушете ја косата, топлината од фенот да поминува низ вашата коса и вашите прсти. Откако ќе се исуши косата, оставете ја да се олади во истата положба (наведната), а потоа кренете ја главата.

  1. Избегнувајте ги феновите. Оставете косата да се исуши природно.

  2. Не си играјте и не ја допирајте вашата коса.

  3. Користете регенератор секогаш кога ќе ја шампонирате за да ја задржите влажноста на косата.

  4. Не користете чешли и тетки со тесно поставени запци.

  5. Изберете фризура која лесно ќе можете да ја одржувате.

  6. Избегнувајте многу триење на косата со крпа

  7. Никогаш не ја врзувајте косата во крпа додека е мокра



1


 

STYLING Magazine
TIGI
Toni&Guy
Sasson
 
 

STYLING PORTAL Worldwide:

United Kingdom Serbia Croatia Montenegro Bosnia & Hercegovina
USA Canada Slovenia Italy

 
 

 

Copyright 2007 by Bonik Production! All rights reserved