Секој човек има различна коса и текстура на локните. Убавата коса мора да биде сјајна и здрава. Здрава, сјајна, средена коса која ја рефлектира светлината и паѓа убаво околу лицето е сон на секоја жена, сон кој и не е тешко да се оствари. Кај многу луѓе скалпот може да биде масен, а косата сува. Овој проблем може ефикасно да се реши со честа масажа со миризливи масла од пачули (patchouli), лаванда и здравец. Чист скалп значи коса со сјај. Внимавајте кога ќе ја миете косата. Нанесете малку природно масло на скалпот и масирајте 5 минути. Луѓето кои имаат масна коса треба да вложат поголем напор за да имаат коса со сјај. Наједноставно ќе го отстраните овој проблем со честа масажа на скалпот со лимон. Ова ќе го уништи и првутот, а косата ќе добие поголем сјај. Здравата и сјајна коса не е само резултат од надворешните употреби на срества. Наглите промени во исхраната може лошо да влијае на вашата коса. Може да предизвика опаѓање на косата како и да влијае на нејзиниот раст. Ова исто така се однесува и за исхрна без протеини и чести промени. Пиењето вода исто така е важно ако сакате да имате здрава и сјајна коса, т.е ја храните косата и одвнатре, не само од надвор.
Доколку конзумирате мешавина од една шоља зелен чај, три мали лажички лимонов сок и една лажичка чист сок од јаболки, тогаш сте внеле многу хранливи состојки за здрава и сјајна коса. Доколку сакате вашата коса која се формира под скалпот да биде здрава, потребно е вашата исхрана да биде редовна и пола со протеини. Имајте на ум дека косата во 88% е составена од протеини. Правилната грижа за косата може да ја пролонгира ќелавоста. Ако почнете да се грижите за косата во помладите години со сигурност ќе имате помалку проблеми кога ќе бидете постари. Заради ова косата треба да има важно место во нашите животи. Здравата и сјајна коса ве прави да се чувствувате прекрасно и самоуверено.
Треба да се спомене дека витаминот А влијае здраво на скалпот и е добар за кожата. Може да се најде во зеленчукот, особено во морковот. Витамините В и С се добри за растот и бојата на косата.
Употребата на оцет не треба да биде многу честа, бидејќи може да ја направи вашата коса сува. Со редовно конзумирање на свежо овошје и зеленчук – особено цитрусните овошја и доматот – се добива фолна киселина. За здрава коса исхраната треба да биде богата со протеини како што се: риба, месо, млеко, сирење и житарици. Ако ја сушите косата со фен користете и четка. Намотајте мал дел од косата на четката. Насочете го топлиот воздух директно на четката и држете го мирно додека да се исуши косата. Потоа преминете од топол на ладен воздух се додека не се исуши целата коса. Еве неколку совети за здрава и сјајна коса:
-
Медот е добар за кожата и косата;
-
Топлотно-активирачките шампони и неделното темелно регенерирање ја прави вашата коса сјајна;
-
За да добиете моментален сјај на вашата коса употребете две јајца кои ќе ги изматите со млеко, а потоа измасирајте ја темелно косата. Исплакнете ја по 5 минути.
-
Употребувајте одвреме навреме оцет, за коста да добие сјај, но не многу често бидејќи оцетот може да ја исуши косата.
-
Планењето на косата со ладна вода ја прави косата посјајна бидејќи ја затвора и мазни кутикулата на влакното.
-
Користете крема во текот и по сушењето на косата со фен.
-
Од време на време, ставете малку вотка во вашиот шампон за да добиете моментален сјај на косата.
|