Цел: Поправка на контурите и додавање на волумен на тенките усни, а според потребата и корекција при асиметричност на усните.
Хирушка техника: Усните можат да се зголемат со користење на сопственото ткиво, со деепителизирана кожа, со делови од тетивите И мускулите или со инјектирање на синтетички продукти, (колаген, полиакриламид, хијалуронска киселина и тн.)
Траење и анестезија: Зголемување на усните со автологно ткиво се прави под локална анестезија и трае 30-60 минути, додека за инјектирање комерцијални вештачки продукти анестезијата најчесто не е потребна заради употреба на тенки инсулински игли.
Опоравување: Ден по извршената процедура пациентот треба да избегнува интензивно движење на усните, посебно смеење и долги разговори.
Бидејќи ресорпцијата на масното ткиво и колагенот е непредвидлива, а од друга страна дисперзија на синтетичките продукти во околното ткиво не е исклучена. За да се добијат што подобри и воедно подолготрајни резултати, потребно е процедурата после одредено време да се повтори, најчесто по 7 дена.
Ретки компликации: Благ оток на усните.
|